Oglas za vrabotuvanje

GRAND OPTICS е нова компанија на ланец на оптики во Република Северна Македонија. Таа е дел од најголемиот оптички ланец во Бугарија, со повеќе од 55 продавници, во 12 градови, со 18 годишна историја. Доколку сакате да бидете дел од продажниот тим уште од почеток во овој оптички ланец, доколку сакате да изградите кариера во брзорастечка компанија, со големо и докажано искуство во регионот, доколку имате интерес за оптика и барате работа во ветувачка индустрија со одлични можности за развој, тогаш би ни било драго да бидете дел од нашиот тим.

Бараме:

- Позитивни и решителни луѓе

- Со интерес и / или искуство во оптика и оптометрија

- Комуникативни и љубезни во работата со клиенти

- Динамични и тимски играчи 

Нудиме:

- Безбедно и професионално опкружување

- Динамика и можност за Ваш личен развој

- Програма за обука

- Kонкурентна плата

- Социјални придобивки

– Долгорочен ангажман

 

Опис на работни позиции:

  1.       Техничар по очна оптика

Опис на работата: Одговорностите на оптичкиот техничар се да ги советуваат клиентите при избор на диоптерски рамки, диоптерски стакла, контактни леќи и раствори. Прима порачки за изработка на очила, истите ги изработува, врши поправки, продава сончеви наочари, додатоци и резервни делови за понудените производи.

Потребни се следниве квалификации:

-        Степен на образование : средна стручна спрема-техничар по очна оптика

-        Лични квалитети : учтивост, тимска работа, иницијатива, комуникација, лојалност и друго.

 

  1.       Оптoметрист

Опис на работата: Одговорностите на оптометристот се одредување на диоптрија, одредување на видна острина ( визус ), одредување на рефракција, изготвување на комплетен извештај и потенцијален рецепт за очила или леќи, ги советуваат клиентите при избор на диоптерски рамки, диоптерски стакла, сончеви наочари, контактни леќи и раствори.

Потребни се следниве квалификации:

-        Степен на образование : виша стручна спрема - оптпметрија и очна оптика

-        Лични квалитети : учтивост, тимска работа, иницијатива, комуникација, лојалност и друго.

 

  1.       Асистент за продажба

Опис на работата: Одговорностите на асистентот за продажба се продажба и советување на  клиентите при избор на диоптерски рамки, диоптерски стакла, сончеви наочари, контактни леќи и раствори, додатоци и резервни делови за понудените производи.

Потребни се следниве квалификации:

-        Степен на образование : средно образование

-        Лични квалитети : учтивост, тимска работа, иницијатива, комуникација, лојалност и друго.

 

Сегашниот опис на работодавачот може да биде изменет и дополнет од работодавачот во случај на промена на барањата и обврските што произлегуваат  од регулаторните и структурни промени.

Ако сметате дека се вклопувате во нашите интереси , Ве молиме да ни го испратите вашето CV на следнава e-mail адреса:skopje@grandoptics.bg

Ќе контактираме само со претходно одберени кандидати.

Регистрирай се за нашия бюлетин тук!
x

Всеки месец ще получаваш най-актуалните ни предложения и промоции.